Детска работилница

Како дел од првиот WordCamp Скопје, со поддршка од WordPress фондацијата огранизирана е работилница за деца со наслов „Основи на WordPress: детска работилница„. 

Работилницата ќе ја води Петја Рајковска, сениор проект менаџер во Human Made, Р.Бугарија. Работилницата ќе се одвива на англиски јазик и е наменета за деца од 9 до 15 години со основни познавања на работа со компјутер, интернет блог и пишување. Голема благодарност до нашите пријатели од Центар за странски јазици “Big Ben”, од Куманово кои ќе обезбедат превод на работилницата од англиски на македонски.
Учесниците на оваа работилница ќе ги стекнат следниве вештини:

  • Како да постават свој личен вебсајт
  • Како да објават содржина, текст, слики, видео и галерија
  • Како да го прилагодат изгледот на сопствениот вебсајт
  • Како да додат функционалности на вебсјатот

Учесниците со себе да понесат:

  • Лап топ или таблет
  • Тетратка и пенкало
  • да имаат постоечка емаил адреса која до која ќе можат да пристапат за време на работилницата

Дополнителни Детали:

  • Датум: 14 ти октомври
  • Времетраење: 2 часа со почеток во 10:00 часот.
  • Капацитет на работилницата: 15 учесници
  • Локација: ФИНКИ- Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, барака бр.2

На следниов линк можете да го пријавите вашето учество и да си обезбедите бесплатен билет за работилницата. Регистрација на учесниците е задолжителна.